![temptejsns](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/temptejsns.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Пејачот на легендарнта група „The Temptations“ Брус Вилијамсон почина од последици од коронавирусот на 50-годишна возраст, пренесува ТМЗ. Тој починал во својот дом во Лас Вегас, а неговата смрт ја потврди неговиот син кој се прости на социјалните мрежи.
– Не постојат зборови кои можат да опишат како се чувствувам во моментот. Ти благодарам што беше одличен и полн со љубов. Му се молам на Бог и повторно ќе се сретнеме – напиша тој.
Вилијамсон се приклучи на бендот во 2006 година и пееше во него до 2015 година.
– Се сеќавам кога првпат настапив со групата, тоа беше на приватниот роденден на еден милионер, на мала сцена поставена на неговите тениски терени – рече тој во 2013 година.
Роден е во Калифорнија, а неговата љубов кон музиката започнала кога како дете почнал да пее во црква.
Инаку, „The Temptations“ е основана во шеесеттите години на минатиот век и тие постигнале успех благодарение на нивниот оригинален пристап кон музиката. Тие настапуваат и денес.