Од коронавирус почина поранешниот кошаркарски селектор Марјан Лазовски

На 58-годишна возраст како последица од корона вирус почина еден од најистакнатите македонски кошаркарки работници, Марјан Лазовски.

Ласовски бил примен на Инфективната клиника во Скопје, но не успеал да ја добие битката со опасната зараза. Лазовски беше долгогодишен кошаркар на Вардар, МЗТ Скопје, а потоа се реши да заплови и во тренерските води.

Лазовски покрај тоа беше и тренер на МЗТ Скопје, Амак СП, Пелистер, Торус и Работнички.

Како асистент Лазовски беше и дел од машката кошаркарска селекција на Европските првенства во 2009-та и 2011-тата година, а во 2012-тата ја предводеше Македонија во квалификациите за Олимписките игри.
Тој ќе остане запаметен и како единствениот тренер кој покрај машката ја предводел и женската селекција на Македонија, како и младинската генерација која го направи најдобриот пласман во А дивизијата на ЕП.
Токму младите беа и неговиот предизвик во последните пет години, а како голем професионалец и врвен педагог знаеше како да ги мотивира младите таленти, и дополнително да им ја всадуваше љубовта во овој спорт.