Од коронавирусот почина познатиот хармоникаш Тодор Трајчевски

Од компликации како последици на ковид – 19 вирусот денес почина познатиот македонски композитор, аранжер и хармоникаш, Тодор Трајчевски.

Тодор Трајчевски е роден 1954 година во Штип. Познат беше како композитор, аранжер и врвен хармоникаш. Студирал на факултетот за музичка уметност во Скопје, се вработил  во 1983 во Народниот оркестар на МРТ, а потоа станал и негов раководител  во 1988. Автор е на  повеќе од 200 рапесни од различни жанрови, над 400 аранжмани, како и на инструментални композиции за голем народен оркестар („Фолк загатка“, „Чие е она девојче“, „Изникна ми бадем дрво“,„Кинисала Роса“, „Повардарско оро“ и др.), инспирирани од фолклорното наследство на Македонија.

Пишувал и класични композиции, главно за тромбон и клавир, во соработка со Дуото Рибарски. Трајчевски беше постојан учесник на речиси сите фестивали во Македонија.