
На 30.06.2018 година во 23,55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје А.Ц.(56) пријавил дека истиот ден околу 23,30 часот на булеварот „Партизански Одреди“ од страна на две непознати лица му била извршена тешка кражба на дрзок начин при што му бил одземен еден ранец во кој имало четири илјади евра, 50.000 денари и лични документи.
Сторителите кражбата ја извршиле на тој начин што додека пријавителот се возел со велосипед лицата со моторцикл му се доближиле од позади грб и од корпата му го одзеле ранецот по што го напуштиле местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.