Од Ковид-19 почина секретарот во српското Министерство за животна средина

Денеска почина државниот секретар во Министерството за животна средина на Србија, Бранислав Блажиќ кој беше позитивен на коронавирусот.

Ова за „Блиц“ го потврдиле и претставници на српското Министерство за животна средина.

Блажиќ е од Кикинда, град кој е едно од жариштата на епидемијата на коронавирусот во Србија, но со години живее и работи во Белград. Тој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Белград.

Тој е еден од основачите на Српската напредна партија и член на претседателството на СНС.