Во текот на вчерашниот ден во Битола на ул.„Широка “непознат сторител со насилно отворање на прозор од куќа сопственост на Н.М.(41) извршил тешка кражба.
Крадецот од куќата одзел пиштол марка „Застава“М-57 калибар 7,62 мм кој го поседувал со одобрение и 50 куршуми калибар 7,62 мм.
Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.