Од куќа украле чанта со 15.000 евра

Крадци однеле чанта со 15.000 евра од куќа во скопската населба Илинде, информираше МВР.

Според полицијата, кражбата се случила вчера во периодот меѓу 6.45 и 8.50 часот. Како што кажал сопственикот на куќата, Д.М. (30) со своето и семејството на брат му спиеле.

Крадецот влегол во куќата преку незаклучената врата и ја зел чантата со парите. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.