Десет илјади евра се украдени од куќата на 48-годишниот Љ.М. од Битола, извести полицијата.
Засега се знае дека во деновите од викендот кој мина, крадецот влегол во куќата лоцирана на улицата Трајче Стефановски преку балконската врата. Во една од собите крадецот нашол 10.000 евра и златен накит и избегал.