Битолчанец остана без девизите и накитот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера се случила тешка кражба во куќата на 42-годишниот Г.О. на улицата Девејани во Битола.
Арамијата успеал со употреба на погоден предмет да ја отвори влезната врата, па да влезе во куќата од украл девизни средства и разновиден златен накит.
Со плен од околу 500.000 денари крадецот избегал во непознат правец.