Во текот на вчерашниот ден во Ресен, се случила тешка кражба. Од куќата сопственост на 57-годишниот М.Б е одземен пиштол.
Кражбата се случила во периодото од 07:00 до 16:30 часот на ул.„Наум Веслиевски“, во Ресен.
Непознатиот сторител насилно насилно делувал на балконската влезна врата, влегол во внатре и по извршено пребарување одзел пиштол „Берета“ кал.6,35мм, со фаб.бр.58370, кој сопственикот на куќата го поседувал со дозвола, а потоа го напуштил местото на настанот.