Скопјанец остана без накитот вреден 5.000 евра откако арамија му влезе во домот.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека пред два дена арамија провалил во домот на 58-годишниот Д.Ј. на улицата Алексо Демниевски во Скопје.
Арамија со погоден предмет ја отворил вратата и украл златен накит вреден 5.000 евра.
Скопската полиција работи на откривање на сторителот.
Ден пред тоа, арамија провалил во куќа во Ѓорче Петров, украл накит, пари и пушки, правејќи штета од 1,8 милиони денари.