![egipet-makedonija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/egipet-makedonija.jpg?resize=686%2C387&ssl=1)
Граѓаните на Македонија ќе патуваат во Египет само со електронска виза, најави во петокот преку социјалните мрежи, македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи.
„Сите оние кои имаат интерес да патуваат во Египет може да добијат електронска виза за влез во земјата во рок од 24 часа од поднесување електронска апликација. Со цел аплицирање за електронска виза, заинтересираните треба да го посетат виза порталот на Египет на следниот линк www.visa2egypt.gov.eg; Одобрената електронска виза пристигнува на е-меил и истата се печати и презентира на граничните премини на Египет“, напиша Османи на Facebook.
Шефот на диполоматијата додава дека за влез во Египет, покрај електронска виза, потребно е да се поседува и негативен PCR тест не постар од 72 часа пред пристигнувањето во земјата или признаен сертификат за вакцинација извршена најмалку 14 дена пред влез во земјата.
„Македонија е меѓу 74 земји на кои Египет им овозможи влез со електронска виза согласно горенаведената процедура“, додава министерот Османи.