Од мевот на маж отстранети килограм клинци, шрафови и ножеви

Лекарите во Литванија од стомакот на маж остраниле повеќе од килограм клинци, шрафови, мутери и ножеви, известија локалните медиуми, а во саботата пренесува BBC.

Мажот ги голтал металните опасни предмети цел месец, откако престанал да пие алкохол, рекле лекарите.

Некои од предметите кои се извадени во текот на операцијата на универзитетската болница во Каипеиди биле долгидо 10 сантиметри, според литванската телевизија LRT.

Хирургот Шарунас Даилиденас ја опишува операцијата како „единствен случај“.

Телевизијата LRT објави фотографија која прикажива хирурсшки сад преполн со металните предмети извадени во текот на итната тричасовна операција.

Екипата на итната медицинската помош го транспортирала мажот во болницата на брегот на Балтичкото Море, со тешки болки во пределето на абдоменот. Се известува дека тој моментално е во стабилна состојба, и дека е под надзор на универзитетската болница.