Од Милан демантираат дека Берлускони бара купец за Балотели

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан, експресно и преку официјално соопштение ја демантираа последната новинарска шпекулација дека сопственикот на „росонерите“, Силвио Берлускони донел одлука, клубот под итно да го продаде контроверзниот напаѓач, Марио Балотели за време на зимскиот преоден рок.

„Ги негираме изјавите кои му се припишуваат на претседателот Силвио Берлускуни дека нашиот напаѓач ќе замине од клубот и повторуваме дека Балотели нема да биде ставен на трансфер листата”, стоеше во официјалното соопштение на Милан.

Италијанскиот калчо гигант пред една година плати 20 мил. евра за обештетувањето на тогаш контроверзниот напаѓач на Манчестер Сити, а на 33 натпревари во дресот на Милан, Балотели има постигнато 21 погодок.