Од кабинетот на заменик министерот Наим Буши реагираат на веста дека тој бил сместен во претседателски апартман во хотел во Истанбул , за што пишуваше ТВ Ора , а пренесе Канал 5.
Од кабинетот на Наим Буши велат дека станува збор за приватно патување во Истанбул на заменик министерот Назим Буши реализирано есента 2020 година во медицински цели за член на семејството, во врска со интервенција закажана неколку месеци пред назначувањето на г.Буши како заменик министер.
Притоа, напоменуваме дека лицата за време на престојот биле гости на пријател на семејството кој се погрижил околу нивното сместување,с е наведува во демантот.
Тв Ора објави видео од Буши во претседателскиот апартман.