Последната шпекулација пласирана од англиските медиуми, дека шпанскиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Хави Гарсија, за време на зимскиот преоден рок ќе биде продаден на Наполи експресно беше демантирана од раководните лица на италијанскиот калчолигаш.
Освен дека искусниот играч за врска, кој може да игра и на позицијата централен дефанзивец, не е желба на сопственикот на “азурите”, Аурелио де Лаурентис, клупските челници италијанскиот калчолигаш потврдија дека првиот човек на Наполи е задоволен од тоа како функционира средниот ред и е задоволен од моменталната форма на Блерим Џемаили, Гокан Инлер и Марек Хамшик.