![dozd](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/dozd.jpg?resize=660%2C360&ssl=1)
Утре и во сабота стабилно време, од недела врнежи од дожд и пад на температурите, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според УХМР, утре и во сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.
За време на викендот ќе дува засилен ветер од јужен правец, а од недела под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Од понеделник дневните температури ќе бидат во опаѓање.