Времето денес претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. За попладневните часови од УХМР најавуваат променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места можно е процесите да бидат поинтензивни.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степени.
Како што најавуваат хидрометеоролозите, од недела следува период кога во попладневните часови ќе има локален дожд со ретки грмежи, особено јужните и планински делови.