Од недела до вторник не очекува освежување, метеоролозите најавуваат дожд и пад на температурите.
Како што информира УХМР, утре ќе биде претежно сончево, суво и многу топло со натпросечни температури на воздухот.
Од недела до вторник во попладневните часови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе опаднат за околу 5 степени.
Денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има локален развој на нестабилна облачност со појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. УВ=9