Од огнено оружје ранет републиканец во пукање врз пратеници на американскиот Конгрес (ВИДЕО)

 

Еден конгресмен и неколку припадници на обезбедувањето се ранети во средата во Александрија, во близина на американската престолнина Вашингтон, кога напаѓач отворил оган од полуавтоматско оружје врз учесниците на тренингот на конгесната бејзбол екипа.

Напаѓачот е белец и е уапсен, јавуваат американските медиуми.

Меѓу групата луѓе, бил координаторот на пратеничката група на Републиканската партија во Претставничкиот дон, Стев Скализ, пренесува телевизијата Fox News. Според телевизијата, Скализ бил ранет во бедрото., но се истакнува дека неговата состојба е стабилна.

pukanje sad 01

Вкупно настрадале пет лица, изјавил за CNN членот на Претставничкиот дом, исто така, републиканецот Мо Бруск, кој потврдил дека полицијата го привела осомничениот за нападот.

Брукс додал дека се ранети уште двајца припадници на обезбедувањето. Спроед него на теренот лежеле многу пратеници и нивни соработни и најмалку еден од нив погоден. Бруск потврдил дека напаѓачот е белец кој се криел на крајот од игралиштето.

Пукањето се случило на настанот на пратеницитењ во сојузната држава Вирџинија. Во тоа време Скализ и неговите помошници тренирале на игралиштето за безјбол. Според Брукс, на местото на настанот бил присутен и републиканецот Бред Венструп, кој е лекар по професија и укажал прва помош.

Брукs, исто така, изјавил дека медицинска помош му била неопходна и на конгресменот Гери Палмер. Според него „инцидентот траел најмалку две минути“.

Телевизијата CNN објави дека биле истрелани, според очевидци, меѓу 50 до 100 кушруму, но според овие сознанија станува збор за автоматско оружје.