Градоначалникот Сокол Митровски и членовите на Советот на општината Ѓорче Петров дополнително презедоа обврска од правните субјекти да обезбедат други материјални и финансиски средства за помош на најоштетениот граѓанин на кој му беше изгорен станот во целост, соопшти службата за информирање на општина Ѓорче Петров.
На седницата на Советот со мнозинство гласови се усвоени и одлуки за донесување урбанистички план за Кисела Јабука, за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Ѓорче Петров и Град Скопје за санација на ударни дупки. Продолжена е и одлуката за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на општината во висина од 5.000 денари.