
Уште денес и утре според метеоролозите ќе имаме нестабилно време. Од петок конечно стабилизација на времето.
За средината од работната недела според синоптичарите не очекува променливо облачно и нестабилно време, попладне со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Дневните температури на воздухот ќе се движат од 17 до 27 степени целзиусови.
Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно и нестабилно, попладне со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи.
Во главниот град денес ќе се достигнат максимални 26 степени.
Во петок и за време на викендот се очекува стабилно, суво и топло време со значителен пораст на температурата.