На територијата на самопрогласената Доњецка Наредна Република на југоистокот на Украина, во 249-те денови од почетокот на руската воена интервенција и ескалација на судирите, во ракетирањата од страна на украинската војска загинале 487 цивили, од кои 23 се деца, соопшти во понеделникот прорускиот Заеднички центар за контрола и координација на прашањата поврзани со воени злосторства во Украина.
Според споменатата организација во југоисточниот украински регион Доњецк кој се отцепи по превратот во Киев во 2014 година и водеше војна со украинските сили, во овој период опишан како „ескалација“ на непријателствата се додава дека биле ранети 3.640 цивили, од кои 231 било дете.
Во објавата на платформата за размена на пораки Telegram се наведува и дека на териториите од регионот кој се под контрола на сепаратистичките и руските сили во изминатите 249 денови во украинските ракетни и артилериски напади биле оштетени повеќе од 8.000 станбени објекти и 1.824 објекти од цивилната инфраструктура.
Во тој период, наведува споменатото организација на проруските сепаратисти, регистрирани 11.342 случаи на отворен оган од страна на украинската војска, а од нив повеќе од 11.000 биле со примена на тешко вооружување.
„Вкупно, непријателот истрела 79.624 парчиња муниција од различен калибар, од кои 32 ракети ‘Точка-У’ и 35 ракети на (донираните од САД) повеќекратни ракетни системи со долг дострел HIMAR“, се додава во објавата.