Од полноќ горивата со нови цени

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ.

Согласно последната одлука, во моментов цената на  ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 -63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.

Минатата недела цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намали за 0,50 денари и изнесуваше 41,00 ден/лит.