Регулаторна комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела цената на бензините се зголеми трета недела по ред и на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,00 ден/лит.
По претходно двонеделно зголемување на цената, цените на ЕУРОДИЗЕЛ и Екстра лесното масло за домаќинство претходната недела не се променија. Актуелната цена на ЕУРОДИЗЕЛ е 56 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 45,00 ден/лит.