Од полноќ нови цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17% во однос на одлуката од 22.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,238 ден/кг и сега ќе изнесува 53,592 ден/кг.

Од 24.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 95    79,00            (денари/литар)

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 98     81,00           (денари/литар)

Дизел гориво    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)      81,00      (денари/литар)

Масло за горење   Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    78,00          (денари/литар)

Мазут М-1 НС  53,592 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините  за 2,031%, кај дизелот за 4,672%, кај екстра лесното масло за 4,823% и кај мазутот за 1,989%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,142%.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.