
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 06.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 53,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 06.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,605 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 06.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 26,585 ден/кг.