Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на нафтените деривати кои почнуваат да важат од вечер на полноќ. Поради вчерашниот неработен ден, корекцијата на цените која вообичаено се случува секој втор понеделник, сега се прави во вторник.
Согласно пресметките на регулаторите, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,71%. Така, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС -95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува 55,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,540 ден/кг, и изнесува 39,160 ден/кг.