Од понеделник ново поевтинување на горивата

Нафтата продолжува да паѓа. Европскиот „брент“ падна под психолошката граница од 50 долари. Црното злато двојно поевтини, поради превисоката понуда и забавувањето на растот на главните светски економии. Пониски малопродажни цени на нафтата и горивата од понеделник може да очекуваат и македонските граѓани кога се очекува Регулаторната комисија да излезе со ново соопштение.

Засега нема точни информации колку точно ќе поевтини цената на горивата, но благодарение на падот на цената на „црното злато“ на светските берзи, уште еден поголем пад на цената може да се очекува и кај нас.

Инаку, само за потсетување во моментов во Македонија цената на горивата бележи рекорден пад во последните неколку години. Во моментов цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.