Во Македонија во наредните денови се очекува нов влажен бран кој може да придонесе за благ пораст на водотеците без опасност од посериозни излевања, информираат од УХМР.
Оттаму велат дека од понеделник попладне се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд кога локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен кој може да придонесе до забрзано покачување на водостоите на сите водотеци во Македонија и можност за појава на местимични излевања.
Во изминатите денови стабилното време придонесе за намалување на водостоите на сите водотеци во земјава и ослободување простор за примање евентуални нови количини атмосферска вода во речните корита.