Црногорските здравствени власти одлучија во саботата рестриктивните мерки да бидат воведени во пет градови во „црвентата зона“ според бројот на заразените со коронавирусот, а решението за можно затворање на главниот град Подгорица ќе биде донесено откако ќе пристигнат резултатите од тестовите на 200 примероци од Германија.
Од понеделник полициски час од 22 до 5 часот ќе биде воведен во Будва, Улцињ, Цетиње, Колашин и на Жабјак, вклучително и затворање на училиштата, детските градинки и угостителските објекти, соопшти директорот на црногорскиот институт за јавно здравје Бобан Мугоша.
Додаде дека мерки се воведуваат бидејќи стапката на коронаинфекциите во споменатите градови на повеќе од 800 на 100.000 жители.
Во Подгорица оваа стапка засега е помала, но Мугоша е убеден дека кога подоцна во текот на денот ќе стасаат и резултатите од тестовите кои се прават во Германија поради преоптовареноста на церногорските капацитети, па и во главниот град од понеделник ќе се применуваат рестриктивните мерки.
Откако во септември започна нагло да расте бројот на новозаразените, црногорските власти го воведоа ткн „семафоР“ според кој локалните власти ги воведуваат рестриктивните мерки во зависност од бројот на заразените.
Во последните 24 часа регистрирани се 146 новозаразени, од кои 74 се денески потврдени во Црна Гора а 72 позитивни тестови од претходниот ден дојдоа од Германија. Регистрирани се и три нови смртни случаи. Бројот на активните случаи во земјата моментално е 34.428, или 703 на 100.000 жители.
Од почетокот на епидемијата во Црна Гора кон средната на март вкупно се регистрирани 15.427 случаи на новиот коронавирусот, а севкупно има 231 смртен случај, од кој 222 се од почетокот на јуни, кога земјата ја зафати новиот бран од епидемијата, откако на почетокот од мај се прогласи за единствената „корона-фри“ држава во Европа.