Цената на нафтата продолжи да расте брзо, со оглед на тоа што трговците стравуваат дека идните месеци ќе падне испораката на „црното злато“ од Русија, поради санкциите од Западот, како и повлекувањето на западните нафтени компании од оваа држава.
За барел, цената на лондонскиот пазар порасна за 3.09 отсто, на 116.42 долари. Во еден момент достигна и 118.22 долари, нов највисок рекорд за повеќе од седум години.
На американскиот пазар пак, поскапи за 2.43 отсто, на 113.30 долари.
За Македонија рефернтна е берзата во Лондон а драстичното зголемување на цените гарантира дека 14-та недела по ред ќе имаме значително зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати. За оваа недела се очекува скокот на цените во Македонија да биде прилично висок.
Цената на гасот во Европа го урна рекордот на сите времиња, со скок на цената за само неколку часа од почетокот на тргувањето во средата, за повеќе од 500 долари на над 2.200 долари за илјада кубни метри.
На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна. Индексот на доларот, што ја покажува вредноста на американската, во однос на останатите шест најважни светски валути, се движи околу 97.50 поени. Вчера во истото време, изнесуваше 97.43 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута, порасна од вчерашните 115.05 на 115.65 јени.
Американската валута порасна и во однос на европската. Цената на еврото се „лизна“ на 1.1110 долари, за разлика од вчера во истото време, кога изнесуваше 1,1115 долари.
Курсот на еврото се движи блиску до најниските нивоа од мај 2020 година.