Од понеделник се затвора за сообраќај мостот на река Кумановка на патот Куманово – Свети Николе заради санација

Согласно одобрението за пренасочување на сообраќај издадено од Министерство за транспорт и врски, поради изведување на санациони работи од 7 март (понеделник), мостот на река Кумановка на делницата Куманово – Свети Николе во наредните 6 месеци ќе биде затворен за сообраќај, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.