Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување ја известува јавноста дека од понеделник, 5 февруари, стапува во штрајк.
Ќе ги извршуваат само нужните и неопходните работи.
„Сакаме да ја известиме јавноста дека сите подрачни единици на ФЗО ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само нужните и неопходни работни задачи и тоа: пријава на малолетно лице како член во осигурување; регулирање на осигурување за хоспитализирано лице; лекување во странство за итни случаи, а само еден вработен во подрачните единици ќе биде задолжен за прием на документи“, се вели во соопштението од Синдикатот на УПОЗ.
Истовремено, како што велат, сакаат да се заблагодарат на досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите од јавното и приватното здравство, кои ги подржуваат вработените во нивните барања и се на страната на вработените во ФЗО и имаат разбирање за нивниот проблем со платите.