Уште утре може да очекувате променливо облачно време со локален дожд, а веќе од понеделник ќе има поголем пораст на температурите, најавуваат метеоролозите.
Во текот на утрешниот ден врнежите наместа ќе бидат поројни проследени со ретка појава на грмежи. Температурата ќе се движи од пет степени во Маврово и 17 степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимални 15 степени.
Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и суво време, а од понеделник ќе има поголем пораст на температурата и ќе се движи околу 25-от степен.