Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека од понеделник во Македонија ќе се дозволи вакцинација на младата, односно школска популација од 12 до 16 години со вакцината на американсо-германскиот производител „Pfizer/BioNTech“.
Според министерот, само со вакцинација може полесно да се справиме со делта варијантата на коронавирусот која се шири во соседството, а најмалку седум случаи се идентификувани и во земјата.
Филипче истакна дека присуството на коронавирусот најверојатно ќе трае повеќе години, па затоа населението треба да научи да живеесо вирусот, и да не биде затворено туку да биде вакцинирано.
„Апелирам кон граѓаните од понеделник да се имунизираат без претходно да се најават има доволно вакцини“, нагласи Филипче.