Припадници на Секторот за вонредни состојби на Србија досега од подрачјата зафатени со поплави евакуираа на 171 лице, јави Танјуг.
Како што соопшти српско Министертсво за внатрешни работи, евакуирани се луѓе од териториите на општините Шабац, Прибој, Горњи Милановц, Чачак, Лучани, Нови Пазар, Ужице и Краљево.
За да се создадат услови граѓаните кои се загрозени од поплавите повторно да се вратат во своите домови, заедно со припадниците на единиците на Министерството, се ангажирани и пожарникари, спасувачи и специјалната единица за спасување од вода со комплетна опрема, се додава во соопштението.