Од први септември нови прописи за влез и излез од Македонија

Од прив септември домашните и странските државјани ќе можат да влезат на територијата на Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против Covid-19, Сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, или со медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез во земјава, одлучи Владата на денешната седница.

За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата по 1 септември, а немаат PCR тест, или потврди за примена вакцина или за прележан Covid-19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Странските државјани кои транзитираат низ земјата ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата.