Од први јули без раоминг со Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ

Од четврток 1-ви јули. ќе се намалат  цените за мобилните разговори но и за роамингот на нула денари, односно на цени како да сте дома меѓу сите земји од западен Балкан.

По први јули тарифите за разговор на мобилен доколку се наоѓате во Србија, Црна Гора, Албанија, Косово или Босна и Херцеговина ќе чинат исто како да не сте ја преминале границатам односно како што ви се тарифираат и во земјата по вашите постојни договори со мобилните оператори. Уште позначајно конечно е тоа што кога ќе се минува границата нема да мора да се исклучува копчето за интернетм бидејќи и роамингот односно интернет ќе користите по исти цени како да сте дома.

Останува корисникот да се грижи единствено дали во е доволно полна батеријата. Токму со ова мото само наполни ја батеријата – роамингот е бесплатен на први јули во Отешево ќе се одржи промотивен концерт на познати групи и диџеи од сите земји од западен Балкан со кој ќе се означи почетокот на евтините разговори и можностите за поголема соработка помеѓу земјите од западен Балкан и Европската унија

Одлуката за укинување на роамнгот на западен Балкан дојде како резултат на преговори што траеа речиси една година, а кои беа олеснувани од Советот за регионална соработка и Европската унија, по што претставниците на владите на сите шест економии на западен Балкан во април 2019 година потпишаа спогодба со која се согласија, прво постепено да ги намалат цените на роамингот, за потоа, тие да бидат укинати од 1-ви јули 2021 година, и веднаш потоа подготвени да започнат интензивно да работат на нула тарифи за роаминг помеѓу земјите од западен Балкан и ЕУ

Поволностите од бесплатниот роаминг ги промовираше и министерот за информатичко општество.

Регионот без роаминг е само дел од целиот пакет кој како крајна цел има да го забрза процесите на подлабока соработка на економски план помеѓу земјите од регионот и со тоа да се работи и на понатамошна соработка и со земјите од унијата. Крајната цел е преку воведување на зелени коридори да се намали чекањето на камионите на границите за 70% бидејќи се пресметало дека секоја минута чекање чини по две евра од камион. Потоа да се овозможи со лична карта да се движат граѓаните во сите 6 земји од западен Балкан, да се подобрат инвестициските политики базирани на европските стандарди за да се привлечат повеќе нови инвестиции, признавање на дипломите, и укинување на работните дозволи

Тарифите кои ќе важат по први јули изгледаат вака. Во зависност од операторот со кој имате договор за во Грција и Бугарија интернетот се движи од 59 до 390 за мегабајт, порака ќе ве чини од 17 до 19 денари, појдовните разговори се од 79 до 89 денари а дојдовните од 25 до 29 денари додека за србија, Црна гора Косово Албанија и Босна и Херцеговина цените за разговори и интернет се како да сте дома.