Групната фаза на Европското првенство веќе е минато.Веќе сите полека се фокусираат на стартот на нокаут фазата или поточмо осминафиналето од ЕП.
Пред стартот на овој сегмент од Европскиот шампионат највеќе импресионираа Италија и Холандија . „Лалињата“ постигнаа најмногу голови (8), а „азурите“ заедно со Англија не примија ниту еден погодок.
Доминацијата во поседот на топка очекувано заврши кај Шпанците (68,7%), втора беше Германија (61,3%). Вкупно беа постигнати 94 погодоци на 36 одиграни натпревари, односно во просек по 2,62 на натпревар.
На секои 34 минути имаше гол. Овој просек е повисок од Европското првенство 2016, на кое имаше просек од 2,12 по натпревар. ВАР-технологијата донесе двојно повеќе пенали во однос на претходниот шампионат. Дури 14 пати се шутираше од белата точка, а двапати судиите покажаа црвен картон .
Кристијано Роналдо со пет гола е најдобар стрелец.