![pupma sad](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/pupma-sad.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Американската министерка за финансии Џенет Јелен во неделата изјави дека Американците би можеле да се соочат со растот на цените на бензините и нафтата оваа зима, кога Европската унија значително ќе го намали купувањето на руската нафта, додавајќи дека горната граница на цента којашто ја предложи Западот за извозот на руската нафта е осмислена за цените да бидат држени под контрола.
Целта е да се постави цената на нивото коешто ги покрива руските маргинални трошоци на производство, за Москва да биде поттикната да продолжи да ја извезува нафтата за да нема недостиг на меѓународните пазари, затоа што руските барели не можат да бидат заменети без поголеми потреси на пазарите. Меѓутоа, според планот на Вашингтон, цената не би требало да овозможи добивки за Русија.
„Тоа е ризик, а ризик е и тоа што работиме на ограничување на цената за да се обидеме тоа да го решиме“, изјави Јелен за BBC.
До можен раст на цените може да дојде, бидејќи ЕУ „значително ќе престане со купувањето руска нафта“ и ќе донесе забрана за услугите кои ѝ овозможуваат на Русија да ја превезува нафтата со танкери, додаде Јелен.
„Да таков ризик постои во услови на обидите да се справиме со цените оваа зима“, рече Јелен подоцна во интервјуто за телевизијата CNN одговарајќи на прашањето дали е можно ново зголемување на цените на бензините во САД во услови на можен прекин на испораките на нафтата од Русија на светските пазари како резултат на санкциите од ЕУ.
„Европската унија воведува ембарго за купување на руската нафта и ги запира давањето услуги при нејзината продажба и транспорт. Тоа може да предизвика раст на цените на нафтата. Нашиот предлог за воведување ограничување на цената е точно насочен кој истовремено намалување на приходите на Русија од нафтата и истовремено да се осигури снабдување на пазарите со цел да се задржат цените на ниво достапно за граѓаните“, рече Јелен.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во текот на летните месеци успеа да направи сериозно намалување на цените на бензините во САД преку ослободување на нафтените резерви од националните резерви. Цените се намален за повеќе од 15 отсто, на помалку од 4 долари за галон, односно 3,785 литри.
Во јули, кога беше првпат најавена ваквата мерка против Русија, од американското Министерство за финансии предупредија дека цените на нафтата на светските пазари би можеле да пораснат за 40 отсто, односно на околу 140 долари за барел, доколку не биде прифатена предложената горна граница на цената на руската нафта, заедно со изземањето од санкциите што би овозможило испораки под таа цена.
Ограничувањето на цента на руската нафта беше договорено на самитот на седумте најбогати земји Г7 во јуни во Германија, кога САД поддржани од Велика Британија, Канада и Јапонија повикаа западните земји да ги одбиваат осигурувањата, финансирање, исплатите, посредувањето, пловењето и другите услуги за танкерите кои превезуваат руската нафта чија цена би била повисока од онаа којашто допрва треба да биде договорена за сировата нафта и за нафтените деривати.
Идејата е да се принуди Русија во иднина на големите купувачи како Индија и Кина во иднина да им ја продава нафтата по многу пониска цена. Тоа би требало да ги намали приходите на Русија за да може да ја финансира војната во Украина, вели Јелен, според која ограничувањето на цените и можело да биде ефикасно, бидејќи западните земји во своите раце ги држат клучните услуги како што е осигурувањето на транспортот на нафтата.
Кина во понеделникот јасно порача дека е против ограничувањето на цената на руската нафта, откако министрите за финансии на групата седум најразвиени економии во светот Г7 одлучија да воведат ценовен лимит за да ги намалат руските приходи што според нив би ја спречило Москва да ја води војната со Украина.
Кина, и покрај бројните повици и инсистирање на САД, одби да ја осуди руската инвазија во Украина и малку беше веројатно дека ќе го поддржи ограничувањето на цената на руската нафта, бидејќи Пекинг настојува да ја обезбеди сопствената енергетска безбедност којашто особено последната половина година засилено ги осигурува со увоз на нафта и гас од Русија.
„Нафтата спаѓа меѓу глобалните суровини и клучно е да се гарантира безбедност на глобалното снабдување со енергија, Се надеваме дека релевантните земји ќе вложат конструктивни напори да ја олеснат ситуацијата со дијалог и консултации, а не да работат спротивно на тоа“, изјави портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовниот брифинг со новинарите.
Кина стана еден од најголемите купувачи на руската нафта, којашто ја купува за повластени цени со долгорочни договори а кои се пониски од оние кои владаат на меѓународните пазари, пред да настапи селективното ембарго на Европската унија на увозот на руската нафта. Во првите седум месеци од годинава, Кина увезол 48,45 милиони тони руска нафта, односно за 4,4 отсто повеќе отколку во истиот период една година претходно.
Русија во вториот квартал годинава станала најголемиот добавувач на нафта во Кина, благодарејќи најмногу на независните кинески рафинерии кои нафтата од земјите како Ангола и Бразил ја заменија со руските барели.
Уште во април Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) ѝ порача на Европската унија дека сегашните и идните санкции против Русија може да го создадат еден од најголемите шокови на пазарите на нафта, како и дека картелот не може да ги замени руските количества и дека нема да го зголеми своето производство. Би можело да дојде до губење од 7 милиони барели руска нафта и други енергенси на дневно ниво, поради моменталните и идните санкции и други акции, предупреди генералниот секретар OPEC, Мохамад Баркиндо од Нигерија.
Цените на руските фосилни горива за извоз се во просек за 60 отсто повисоки од минатата година, а некои земји, како Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати, го зголемиле увозот на фосилни горива од Русија
Аналитичарите сметаат, пак, дека Индија и Кина би можеле да го попречат спроведувањето идејата на земјите од групата Г7 за ограничување на цената на руската нафта со ангажирање на своите бродови за нејзиниот извоз. Според аналитичарите , тоа на Русија би ѝ овозможило да ги заобиколи мерките на земјите од Г7 и Европската унија, бидејќи овие две земји, односно нивните бродови и компаниите во кои се регистрирани, на увозниците би им пружале услуги на осигурување и транспорт.