
Во тендерот за проектот Чебрен ние губиме повторно наш производствен капацитет, хидроцентралата Чебрен. Според овој тендер му ја даваме на поклон на инвеститорот, носител на јавно приватно претпријатие каде што АД ЕСМ, ЕЛЕМ ќе биде малцински носител и концесија на реката Црна од 60 години. Без разлика дали станува збор за овие пет години власт на СДСМ, ако почнеме од почетокот до днешниот ден постојано ние имаме разнебитување на сопствените капацитети во електро енергетскиот систем, истакна Стевче Антовски, член на комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ во емисија на Телевизија 24.
Антовски потсети и на бонбона бизнисот кој го склучи СДСМ во минатото и со тоа оваа партија започна да го разнебитува електро енергетскиот систем во Македонија.
„Сите гледаме дека не функционираат, не се способни да произведуваат електрична енергија. Постојано ни се се случуваат хаварии, имаме експлозии на трансформатори, пукнала цевка, блокот не функционира, не сме во можност да произведуваме електрична енергија. Без сопствена електрична енергија ние не сме свои на своето“, заклучи Антовски.
Антовски додаде дека власта многу лесно низ вода го пушта РЕК Битола. Сценариото на СДСМ е етапно затворање на блоковите, меѓутоа додека се во функција треба да се во оптимална функција.
„Беа се сликаа, ветуваа пред едни избори, па на други избори, дека ќе има нови електростатски филтри, дека ќе се изгради погон за десулфурализација. Но, ништо од тоа не е направено. Ако треба да го затвориме и последниот блок во 2031 година, зар не треба ние да инвестираме во овие производствени капацитети. Зашто да ни се случуваат хаварии? Зашто ние да немаме откривки на јаглен, тоа се прави во пролет, се прави во лето, и сега ние ќе можевме да копаме јаглен. Надвор е 20 степени, не е минус 35, минус 40. Ние сме во ситуација да бараме од соседните држави да ни продадат јаглен. Зашто ние да немаме сопствен јаглен? Зашто ние да не копаме јаглен“, запраша Антовски.
Антовски посочи дека Македонија можеше да произведува сега и да продава јаглен, и наместо тоа државата при соспствен јаглен ќе купува.