Од сеф во Црвен крст украдени 2.300 евра

Крадец провалил во просториите на Црвен крст на РМ и украл над 2.000 евра, информираше МВР.

Според полицијата, кражбата се случила за време на продолжениот празничен викенд кога немало никој во зградата на булевар Кочо Рацин.  Крадецот со погоден алат отворил еден од прозорците и влегол внатре.

Потоа ја отворил сеф касата од каде зел 121.000 денари, 320 евра, еден ресивер и избегал.

Се работи на целосно расчистување на случајот.