По 15 месеци поминати во притвор, вчера од истражниот затвор „Скопје” излезе Бојан Јовановски и замина во домашен притвор. Апелација ја прифати жалбата на неговиот адвокат Сашко Дукоски, кој бараше укинување на притворот поради влошената здравствена состојба на Јовановски.
Од истиот затвор од кој што Боки 13 излезе, на 16 октомври влегол неговиот татко Миле Јовановски, дознава „Фокус”, и тоа за издржување на затворската казна која ја доби за напад на неговиот сосед, свештеникот Виктор Стојчев. Според информациите на порталот, Апелациониот суд му ја намали казната од шест на 4 месеци.