Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше појава на силен ветер што предизвика повеќе видови штети, три пожари на отворено и паралелно со нив други противпожарни интервенции, а вкупниот број на повици за итни случаи на 112 во ЦУК изнесува 1.590.
Имало 18,05% од итните реални повици за комбинирано решавање преку Секторот за операции и координација во ЦУК, што е речиси за двојно повеќе повици од вообичаениот просек за едно деноноќие, што ЦУК ги решава, секако, заедно со другите 59,43% повици, именувани и како „неитни повици“.
Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку Единствениот број за итни повици Е-112, во 13:45 часот, добиена е пријава за паднат дел фасада и можна опасност да падне уште еден дел на ул. „Димитрие Чуповски“ (кај „Табако Жак Мар“), во близина на Министерството за правда. За ова ситуација, од страна на РЦУК Скопје известени се Општина Центар и Полициската саница во Центар („Беко“) за нивна понатамошна постапка.
-Исто така, поради силниот ветер што го зафати подрачјето на Град Скопје во текот на денот до единствениот број за итни повици Е-112, добиле пријави за паднати дрвја на 6 локации во градот, како и еден случај на падната канделабра, при што во четири од истите има пријава за оштететни автомобили. Исто така има пријави и за оштетена куќа и оштетени покриви од куќа и оштетен покрив од зграда. Сите овие пријави од страна на РЦУК Скопје се веднаш проследени до надлежните институции односно, општините во Град Скопје, како и до јавните претпријатија и надлежни АД во Градот, за превземање на нивни понатамошни постапки, информира ЦУК.
Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека околу 11:30 часот, подрачјето на Општина Струмица било зафатено со силен ветар, поради што од единствениот број за итни случаи 112, добиле пријави за паднати лимени покриви на три локации, како и четири пријави за паднати дрвја. Тоа било веднаш пренесено до надлежните општински институции и во сите случаи интервенирале пожарникарите од ТППЕ Струмица.
Пожарникарите интервенирале врз три пожари на отворено, а паралелно со тоа и на други урбани. Регионалниот ЦУК – Велес, известува дека пожарникарите од ТППЕ Неготино, од 13:10 до 14:10 часот, со два пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација кај „Винарија Фонко“ во месноста „На Куријски Пат“. Пожарот настанал од паднат кабел на далекувод во Општина Неготино. Регионалниот ЦУК – Куманово, известува дека ТППЕ Куманово, од 16:55 до 18:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во околината на с.Черкезе, а РЦУК Скопје, известува дека БППЗ на Град Скопје, имала една помала брза интервенција на отворено заради запалени картони, што заради ветрот претставувале опасност и за околината.
-Инаку, според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК, кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.590. „Реални“ повици за итни случаи имало 40,57%. Имало 59,43% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање.
Кон Полицијата биле упатени 44,88% од повиците, кон Итната медицинска помош 33,66%, а кон пожарникарите биле упатени 3,41%. Кон ЦУК имало 18,05% од итните реални повици за комбинирано решавање, што е речиси за двојно повеќе повци од просекот што вообичаено се движи од 3% до 10% што ги решава, секако заедно со 59,43% други, именувани и како „неитни повици“, ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, соопшуваат од ЦУК.