![avion](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/avion.jpg?resize=611%2C390&ssl=1)
Од 2-ри мај Алиталиа ќе воведе нова директна меѓународна линија помеѓу Скопје и Рим (аеродром Фјумичино).
Новите летови ќе бидат секојдневни, ќе се одвиваат во две класи, а билетите се веќе во продажба.
Во текот на месец мај Алиталија ќе започне со работа на редуциран распоред со 30 повратни летови во текот на месецот Рим – Скопје – Рим, додека во јуни со целосен распоред на секојдневно летање.
По повод отворањето на новата линија, Алиталиа одлучи да им понуди на клиентите специјална понуда: Промотивни цени за Рим од 99 евра, за остатокот од Италија од 149 евра и до европските дестинации, цени од 199 евра. Овие авиобилети ќе бидат на продажба за ограничен период, од 20 – 30 април.