Од Скопје тргна механизација за справување со невремето во охридско

Од Скопје тргна механизација за справување со невремето во охридско
Од Скопје тргна механизација за справување со невремето во охридско

Mеханизацијата на терен работи на справување на штетите од невремето во охридско. Од Град Скопје кон Охрид тргнаа возилата и пумпата кои беа најавени по состанокот на координативното тело.

-Веднаш договараме да се обезбеди дополнителна механизација и пумпи, остварив контакт со градоначалникот на град Скопје и ЈП Водовод на град Скопје кои дополнително ќе дадат механизација, а ќе има и неколку кипери“, изјави Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски.

На состанокот беа утврдени критичните точки, сите пет свлечишта кои се појавија во овој регион веднаш се санирани, се договори да се обезбедат дополнителни пумпи за вода и дополнителна механизација. Исто така, каналите за одводнување се исчистени и проширени,

Надлежните  ги користат сите човечки ресурси и се ангажирани за да се отстранат последиците од невремето.Градоначалникот Бакрачески ги повика и приватните компании кои имаат механизација да помогнат за справување со оваа елементарна непогода.

Дополнително ќе се вршат проценки на штетите, а  сега најважно да се санираат критичните места како превенција од евентуални нови обилни врнежи. Каналите, како што беше речено, се чистени пред  и по завршување на летото, но големите дождови и покрај расчистувањето ноќеска, не можеа да ја поднесат сета вода од врнежите.