Oд следната година Австралија Oпен ќе трае ден подолго

Првиот грен-слем турнир во сезоната на Австралија опен ќе започне в недела и ќе се одржува во текот на 15 дена наместо 14 првпат следната година за да се избегнат ноќните натпревари кои завршуваат во раните утрински часови, најавија организаторите.

Ноќните натпревари кои се протегаат до раните утрински часови се вообичаени на првиот грен-слем во сезоната, а Британецот Енди Мареј, кој годинава играше против домашниот тенисер Танаси Кокинакис до четири часот наутро, го опиша мечот како „фарса “.

Организаторите тврдат дека податоците покажуваат оти натпреварите сега траат подолго и дека преминувањето на почетокот в недела од понеделник ќе помогне да се намали притисокот врз играчите и навивачите.

„Ги слушавме повратните информации од играчите и навивачите и возбудени сме што ќе понудиме решение за намалување на доцните финиширања додека продолжуваме да обезбедуваме фер и правичен распоред на терените на стадионот. Тоа ќе го постигнеме со воведување на дополнителен ден, што ќе придонесе за подобар распоред за навивачите и играчите“, рече директорот на турнирот Крег Тајли.

Парискиот Ролан Гарос, исто такам трае 15 дена, додека УС Опен и Вимблдон се 14-дневни турнири.

Неделниот почеток во Мелбурн значи дека бројот натпревари на трите главни терени ќе се зголеми од 47 на 52. Ноќните сесии сепак ќе вклучуваат најмалку два натпревара.

Дневната сесија во „Род Лејвер Арената“ и „Маргарет Корт Арената“ ќе има најмалку два натпревара, за да се ограничат доцните финиширања. Распоредот во „Џон Кејн Арената“ останува ист.

Отвореното првенство на Австралија во 2024 година започнува на 14-ти јануари и ќе трае до 28-ми јануари.