Од сметка во банка на жена од битолско и’ биле украдени 170.000 денари.
Како што информира полицијата, вчера во битолската полиција Ц.Ш. (57) од с.Ивањевци пријавила дека во мај 2016 година, во повеќе наврати, непознат сторител од нејзината сметка во „Прокредит банка“ неовластено подигнал парични средства во висина од 170.000 денари.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.