Од Србија зависи дали ќе има нова ескалација на ситуацијата на Косово, вели Курти

Албин Курти, премиерот на привремените институции на Приштина, за виенскиот весник „Ди Пресе“ изјави дека е тешко да се предвиди дали ќе има нова ескалација на Косово бидејќи, како што тврди, зависи од Србија.
Курти рече дека се надева оти нема да се повтори ситуацијата со подигањето барикади на северот на Косово и го обвини Белград дека се обидува да ја поткопа Приштина, пренесува Економија онлајн. „Косово поднесе барање за членство во Советот на Европа и ЕУ и бележи економски напредок. Ова го прави Белград нервозен“, тврди Курти.
На прашањето дали може да има нови конфликти меѓу Белград и Приштина, премиерот на привремените институции на Приштина рече дека се надева дека тоа нема да се случи, но дека е загрижен од повеќе причини, меѓу кои и тоа што, како што наведе, Белград има 48 воени и жандармериски бази околу Косово. Тој додаде дека е загрижен за односите меѓу Србија и Русија.